Паднал од покрив и си ги скршил ребрата

by Fokus

Четириесет и седумгодишен охриѓанец паднал од покрив на куќа додека изведувал градежни работи и си ги скршил ребрата, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 11.00 часот во СВР Охрид, од болницата Св.Еразмо, било пријавено дека кај нив бил донесен С.Б. (47) од Охрид со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата. Поради сериозноста на повредите, С.Б. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.  С.Б. додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли, во еден момент паднал од покривот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Поврзани новости