Падна и Иран, македонските ракометарки први во групата!

by Fokus

Македонските ракометарки до 18 години го освоија првото место во својата група на Светското првенство, кое се одржува во Скопје.

Вечерва во главниот град на Македонија падна и селекцијата на Иран, победувајќи ја со 31-19 и се пласираа во главната фаза, каде ќе излезат на мегдан со Шведска и Исланд.

Најефикасна во нашиот состав со 6 гола беше Дукоска, додека Младеновска, Ризовска, Јанкуловска и Коцева завршија со по 4 гола.

Поврзани новости