Оздравени 17 пациенти заразени со Ковид-19, активни се 447 случаи

by fokus

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, а за среќа во изминатите 24 часа нема починати пациенти.

Оздравените пациенти се од градовите:

– Скопје 7
– Куманово 2
– Прилеп 2
– Велес 2
– Гостивар 1
– Крива Паланка 1
– Пехчево 1
– Берово 1

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19.

– Скопје 12
– Куманово 3
– Штип 1
– Тетово 5

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Поврзани новости