Овој викенд дожд, наредниот и снег

by fokus

Како што соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) до петок времето ќе биде претежно сончево и топло, викендот особено во недела можни врнежи од дожд, а на повисоките места снег. Наредниот викенд, постудено со температури од само неколку степени над нулата и врнежи од дожд и снег.

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. На повеќе места максималната температура ќе надмине 10 степени, а на југ ќе достигнува и до 14 степени.

Од петок, 17 февруари, како што соопшти УХМР, ќе се зголеми облачноста, а за време на викендот и во понеделник ќе има услови по одредени котлини за појава на утринска магла и ќе има повремени врнежи од дожд, почести во недела. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Во понеделник врнежите ќе завршуваат до крајот на денот кога понекаде и на повисоките места на запад може да се појави слаб снег. Утринските температури ќе бидат во пораст до понеделник кога насекаде се очекува позитивна утринска температура. Дневните пак на југ ќе се задржат повисоки, но кон север ќе се до 10 степени.

Од крајот на неделата и за време на викендот од 25 и 26 февруари се период на врнежливо време, а врнежите најпрвин ќе започнат како врнежи од дожд, а потоа насекаде ќе бидат врнежи од снег. Температурите во овој период преку денот се очекува да бидат до само неколку степени над нулата.

Поврзани новости