Ова се етапите по евентуално постигнување на договор со Грција

by Fokus

Во продолжение на текстот од основата на договорот, што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина, наведени се и следните етапи:

– Договорот да помине во Собранието на соседната земја (владата на Заев го има потребното мнозинство)

– При непотпишување од страна на претседателот Иванов се враќа на повторно гласање во Собранието.

– Писмо од грчката влада до ЕУ и НАТО со кое се охрабрува почеток на пристапни преговори за Северна Македонија со ЕУ и приклучок во НАТО, под услов да е направена ревизија на Уставот.

– На Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ, (25-26 јуни) и на Самитот (28-29) би се побарало позитивен сигнал Северна Македонија да започне пристапни преговори и покрај противењето на Франција и на Холандија, но со поддршка од Германија.

– На самитот на НАТО (11 јули) би се упатила покана за членство, под услов да се направени уставните измени.

– Владата на Заев ќе испрати писмо до 190+ држави коишто ја признаваат „Република Македонија“ дека името Severna Makedonija ќе се употребува во билатерално и во меѓународна комуникација.

– Во периодот од јули до декември 2018, владата на Заев ќе мора да одржи референдум и ако резултатот е позитивен, ќе се случат уставните измени. Ако е негативен, има план – Б, за одржување парламентарни избори со референдумски карактер.

– По спроведувањето на договорот во Северна Македонија, во грчкиот парламент договорот ќе се ратификува истовремено со гласањето за влез на соседната земја во НАТО.

Поврзани новости