Ова е Балкан: Влезници за концертот на Дино Мерлин од 2.500 евра!

by Fokus

Ако јавноста во Македонија беше изненадена пред десеттина дена од влезниците за концерт на Саша Ковачевиќ во Охрид, кои се продаваа по цена од 500 евра, состојбата со концертите на балканските музички ѕвезди не е ништо подобра ниту во регионот.

Имено, популарниот босански музичар Дино Мерлин (Ервин Делишхалидовиќ) на својата официјална страница го најави концертот кој ќе се одржи на 14-ти август во Црна Гора, Тиват, во Порто Монтенегро Јахт Клуб, а цените се буквално вртоглави.

Дури 2.500 евра изнесува таканаречената ВИП софа, односно маса за пет лица со шише шампањ.
Висока маса за пет лица и шише шампањ е 850 евра, има поевтини понуди за 750, 550, па се до најевтината, која изнесува 85 евра. Влезниците се пуштени во продажба и можат да се купат преку интернет, со напомена дека бројот им е ограничен.

Мерлин важи за една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, чии песни се пеат со генерации. Во земјава последен пат настапи за дочекот на Новата 2020 година во Скопје, на плоштад, а во српските медиуми се објави вест дека на настапот во Македонија ќе добие хонорар од 100.000 евра.

За ,,Фокус” од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов тогаш изјавија дека концертот во целост ќе го платат спонзори. Кои беа спонзорите и која беше точната сума за која Мерлин дојде во Скопје, не беше откриено.

Вики Клинчарова

Поврзани новости