ОУ „Кирил и Методиј“ ја укинува ИБ програмата, родителите револтирани

by fokus

Група родители на деца кои учат во ОУ „Св. Кирил и Методиј” во Општина Центар, денеска изразија разочараност од училиштето и општината за одлуката да ја прекинат ИБ програмата, по која досега учеле нивните деца.

-Причините за оваа одлука за нас се неприфатливи и како одговорни и информирани родители кои своите деца ги запишале таму исклучиво заради предностите на ИБ програмата, сметаме дека било какви неусогласувања, недоследности, неангажираност и преференци од различна природа, па дури и притисоци, не смеат да се испречат пред квалитетот во образованието на нашите деца, велат родителите.

Тие објаснуваат зошто оваа програма е подобра во однос на класичната во другите училишта.

-Учат според современа и светски призната програма и методологија што им овозможува активно учење преку истражување, интерактивна настава, личен ангажман и дискутирање на ставови и мислења со што децата ќе стакнат трајни знаења и ќе пораснат во личности кои ќе се борат за својот став и мислење.

-Ќе се стекнат со свидетелстава кои се меѓународно признати и во сите школи кои работа по IB програма. Оваа програма ја има во 140 земји и во сите наши соседни земји има неколку вакви школи.

-Децата учат во мали класови до максимум 24 ученици.

-Целодневната настава е до 5 оддление.

-Се стимулира мултукултурализмот и почитувањето на разликите.

-IB програмата е влезена во Законот за основно образование во чл 44 (а-ѓ) каде се предвудуваат и дополнителни финансии за програмата кои МОН се обврзува да ги обезбеди.

-Училиштето 4 години имаше кандиддатски статус, наставниците во овој период поминуваа низ процес на обука, која им се плаќаше, ја имплементира програмата, имаа мониторинг и консултации со IB International и сега се во фаза кога треба да аплицираат за акредитација што ке им овозможи да станат IB школо, но се откажуваат без да дадат аргументација со направена анализа, компарација на знаењата на своите ученици и учениците од друго училиште, без да ситакнат проблеми во имплементацијата.

Родителите појансуваат дека секоја прилика за подобро образование треба да се зграби без разлика која гарнитура ја донела или предложила.

-Нашето разочарување е дотолку понагласено од причина што ИБ програмата е освежување и напредок, како за учениците, така и за наставниот кадар, а немањето волја за прогресивен предизвик во образовниот процес е несвојствен и неприфатлив за просветната струка. Иако сме свесни за системските недоследности во образованието во РМ веќе подолго време и директните импликации врз администрирањето и имплементацијата на образовните програми, го повикуваме училиштето да не ја испушти оваа можност да биде лидер и пример во образованието во Македонија, велат родителите.

Тие ги повикуваат институциите да застанат во одбрана на правото на квалитетно образование.

На овој начин, со ИБ програма, неколку години успешно работат и ОУ „Браќа Миладиновци” во Општина Аеродром и ОУ „Елпида Караманли“ во Битола.

Поврзани новости