ОУ„Димитар Миладинов“ затворено до четврток поради технички неисправна вода

by fokus

Општина Центар ја информира јавноста дека од денес (6-ти ноември од 15.30 часот) до четврток (8-ми ноември) ќе биде затворено основното општинско училиште „Димитар Миладинов“.

Училиштето ќе биде затворено поради дефект на водоводната мрежа и техничка неисправност на водата.

Воедно, ги информираме родителите и учениците дека нема да има дежурство за продолжен престој на учениците, а се одложуваат и другите активности што се реализираат во училиштето.

Поврзани новости