Отворено пријавувањето за Годишната програма за школарини на QSI Интернационално Училиште Скопје

by fokus

QSI Интернационално Училиште Скопје, член на Quality Schools International – непрофитна образовна организација, присутно во 31 земја во светот со 37 училишта,www.qsi.org, ја информира јавноста за Годишната програма за школарини за учебната 2019-2020 година:с

Со задоволство Ве известуваме дека пријавувањето за нашата Годишна програма за школарини 2019-2020 е отворено!

 Посветените и вредни ученици од основните и средните училишта имаат одлична можност да бидат дел одQSI Интернационално Училиште Скопје. Висината на одобрениот попуст е до 50% од редовната годишна школарина.Право за пријавување имаат сите ученици, постари од 9 години, чиишто родители не се во можност целосно да ја подмират редовната школарина. Уплатата за остатокот од трошоците, по пресметаните до 50% попуст, може да биде остварена од кој било субјект (приватен или организација).Одобрениот попуст се однесува на сите консекутивни училишни години, односно до завршувањето на образованието на ученикот во училиштето.

Изборот на кандидатите ќе се одвива со тестирање и/или разговор.

Конкурсот е отворен до 8-ми мај 2019 година.

За повеќе информации за пријавување, Ве молиме обратете се во QSI Интернационално Училиште Скопје, наследниов контакт – телефон: 3051844 или преку е-маил reception@skopje.qsi.org

Зад QSI Интернационално Училиште Скопјесенад 20 години успешна работа во остварувањето на образовните потреби и цели на децата на претставниците на дипломатскиот кор во државава, понатамуна меѓународните организации, на странските приватни бизниси, како и на македонските државјани кои претпочитаат да ги образуваат своите деца во интернационалнасредина, имајќи за цел продолжување на нивното образование, односно студии во странство. Наставниот план го следи американскиот наставен модел, а англискиот јазик е официјалниот наставен јазик во училиштето. Наставниот кадар за сите главни предмети го сочинуваат наставници на коишто англискиот јазик им е мајчин јазик, а коишто во своето портфолио поседуваат американски образовни сертификати.

Поврзани новости