Отворено писмо од средношколците од гимназијата „Орце Николов“ – Ниеден професор не може да се замени со било кој друг професор

by Фокус 12:40
12:40

Средношколците од гимназијата„Орце Николов“ во Скопје упатија писмо за поддршка до нивните професори, горди на тоа, што тие не потклекнале на притисоците. Целото нивно писмо ви го пренесуваме интегрално:

„Ниту не прави горди помислата што ни е продолжен распустот, ниту пак помислата што со повеќе мака од вообичаеното ќе надокнадуваме. Не прави горди помислата дека нашето училиште е едно од неколкуте низ државата што одлучи да се спротивстави на слепиот конформизам на министерството за образование! Ова не е само гордост, ова е восхит.

- Advertising -

Нашите професори успеваат да се изјаснат слободно, против неправдава која само во земја како Македонија може да се спроведе! Едно тромесечие е мала жртва во однос на иднината на оние кои допрва треба да седнат во училишните клупи .

Ова требаше да биде моментот каде ќе блеснеше вистинската сила на професорскиот пленум, на оние кои навистина заслужуваат стравопочит! Благодарни сме за тоа што не потклекнавте под неприкосновените наредбите на високите органи. Се влева нова надеж, во малубројниот, но сепак значаен број на професори, која дава повеќе од доволна мотивација за издвојување победа над неправдата!

Гледајќи ги секојдневните притисоци и закани на луѓето кои морално и интелектуално не издигнаа, кој се основата на нашата трансформација во граѓани на оваа земја, кои поради нивната макотрпна работа и посветеност кон нас успеаа “Орце” да го вметнат во трите најдобри гимназии во Република Македонија. Повеќе-децениското градење на “Орце” во тоа што е денес јасно го истакнува нивниот кредибилитет. Најзаслужни за нашите успеси на резултатите од државната матура и екстерното тестирање се нашите професори.

Професорите се шмекот на “Орце”, тие се неговиот темел, ѕид, фасада… тие се целата негова конструкција од која подоцна произлегуваат интелектуални, цврсти и умствено силни луѓе, подготвени да прифатат големи одговорности и кои многу тешко се манипулирани – со еден збор “Орцаши”. Професорите ни се идолите во кои се угледуваме и се надеваме дека еден ден ке станеме како нив. Благодарни сме им за се што сториле за нас, а пред се за тоа што ни покажаа што е немање страв. Поради нив бевме едни од ретките Скопски гимназии на кој вратите не има беа заклучени.

Ни помогнаа кога најмногу ни беше потребно и сега дојде и нашиот ред. Немајќи страв да го искажеме нашиот став, јавно ги поддржуваме нашите професори да продолжат со нивните намери. Ужаснати од тоа дека на нашите професори им се бараат соодветни замени, кој можат да останат трајни доколку нашите професори не го прекинат штрајкот. Само ние ја знаеме загубата која ќе ја претрпи оваа земја доколку професорите се заменат.Ниеден професор од “Орце” не може да се замени со кој било друг професор.

Затоа, доколку тоа се случи и бидат донесени нови професори, од наша страна ке биде поднесено барање за нивно враќање. Во случај на негативен одговор, ќе пружиме отпор со непосетување на наставата кај новите професори. Исто така, ја користиме приликата да ги охрабриме останатите професори што не протестираат, да се солидализираат со нивните колеги за да заедно продолжат во борбата за нивните права“.

Поврзани новости