Отворени телефонски линии за повреда на избирачкото право

by fokus

Граѓаните денеска, на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од 7:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Исто така повреда на избирачкото право граѓаните ќе можат да пријават и во Хелсиншкиот комитет. Комитетот ги известува граѓаните дека во недела, 05 мај 2019 година, нивната канцеларијата ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори.

-Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073, велат од Комитетот.

Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право.

-Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата, порачуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Поврзани новости