Отворена изложбата „Од Братство и единство ’63 до Скопје ’63“

by fokus

По повод 55 години од скопскиот земјотрес, вечерва во Музејот на Град Скопје беше отворена тематската изложба за младинските бригади „Од Братство и единство ’63 до Скопје ’63“.

Изложбата се фокусира на настаните во Скопје во првите денови по земјотресот кога во градот први напомош пристигнале младинците од скопските студентски м работни бригади „Мирче Ацев“ и „Мите Богоевски“.

Поставена е во Музејот и надвор од зградата, на отворениот простор под источната фасада, во автентичен амбиент во урнатини на старата железничка станица. На отворениот простор има и импровизирана бригадирска населба со шатори, клупи, огниште, знамиња, алат…

На 15 паноа се прикажани повеќе од сто автентични фотографии, факсимили, документи и предмети од времето на земјотресно и поземјотресно Скопје, кои ги документираат настаните почнувајќи од 27 јули 1963.

Според авторката на изложбата, кустос советник-историчар во Музеј на Град Скопје Зоја Богдановска, досега немало ваква изложба и многу малку се пишувало за улогата на младинските бригади.

Поврзани новости