Од Обвинителството информираат дека е отворена истрага за трагедијата во Кочани, во која се опфатени 27 лица и три фирми.
-Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од обвинителството
Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на пресконференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани во 12 часот.
Како што веќе информиравме, Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени.
Меѓу 13-те за кои е одредена мерката и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден.