Отворена бесплатна телефонска линија за повреда на избирачко право

by fokus

Oд утре граѓаните ќе можат да пријават во канцеларијата на Народниот правобранител каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија. Бројот на кој што граѓаните можат да ги пријават неправилностите во изборниот период и на денот на гласањето е: 0800 54321.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Поврзани новости