Отворен телефон за донации за Зоран Темелков од Неготино

by fokus

Од денес во функција е ставен телефон за донации за 45-годишниот Зоран Темелков од Неготино, со цел да се обезбедат потребните 10.000 евра за негово лекување.

На Темелков веќе му биле извршени два хируршки зафати на срце во државната болница, но настанале компликации. Семејството решило спасот да го побара на приватна клиника, а неговиот внук Христијан Темелков за ,,Фокус” минатиот месец појасни дека семејството нема доволно финансиски средства за операцијата, по што биле принудени да се обратат за помош до хуманите граѓани.

-На чичко ми во државната болница му беше поставен кардиоверетер дефибрилатор, а во два наврати имаше загнојување на џебот на батеријата, кадешто за истото имаше зафати, во истата болница. Но, состојбата не оди на подобро, затоа се решивме да побараме спас на приватна клиника, односно во ,,Жан Митрев”.

Сумата која е потребна, 10.000 евра, не би можеле сами да ја собереме. Поради тоа бараме помош од хуманите граѓани. Чичко ми е познат во градот како добар човек, нема свое семејство, ние сме му најблиски. Цел живот беше градежен работник, скромен човек, кој го сака животот. Заслужува да добие шанса-раскажа внукот.

За неготинчанецот веќе се организираа неколку хуманитарни акции во градот, а исто така поставени се и кутии за донации.

Може да се донира на следната жиро сметка:
Зоран Темелков, 210 7000006638 10 НЛБ, со назнака донација за лекување, а од денес и на телефонскиот број на Телеком 143 105.

Вики Клинчарова

Поврзани новости