Отворен предмет за паднатата фасада на МЕПСО

by fokus

Главниот град Скопје во средата вечерта беше погоден од силен ветер кој достигна брзина од 100 километри на час, а некои од фасадите на зградите паднаа.

Меѓу нив беше и фасадата на зградата на АД МЕПСО, а ОЈО отвори предмет за таквиот случај.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за  падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас. Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба  до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.

Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства“, велат од ОЈО.

Поврзани новости