Отворен оддел за пост-ковид рехабилитација

by fokus

Од Министерството за здравство информираат дека Институтот за физикална медицина и рехабилитација подготви оддел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација.

-Оние пациенти кои со денови, некои и недели биле хоспитализирани, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето. На овој начин, потешкотиите полесно и побрзо се надминуваат со стручна помош, респираторни и физикални вежби за враќање на пациентите кон нормалните животни активности. Рехабилитацијата е важен сегмент од секој напреден здравствен систем. Правиме сѐ во грижата за нашите пациенти!, напиша министерот Венко Филипче на фејсбук.

Поврзани новости