Отворен број за донации за Софија од ВИП

by fokus

Денеска е отворен телефонски број за донации од ВИП за малата Софија Караманолева од Струмица, за која се собираат финансиски средства за лекување на клиника во Турција.

Хуманите граѓани можат да донираат со свртување на бројот 143 464 ВИП, или пак за Т-мобиле 070 143 121.

Сметката за донации е Денарска: 300-0310000039-29 Девизна: IBAN –MK07300307064771533 SWIFT- KOBSMK2X Комерцијална банка 22 месечната Софија беше оперирана од тумор на р’бетен мозок во месец јуни.

-Туморот се шири многу брзо, и за два месеци се појави повторно на дел кај вратот ( ЦНС). Лекарските тимови ни кажаа дека повторна операција е невозможна, хемотерапијата не помага, значи Софија мора да се зрачи. Кај нас зрачењето е класично, се плашиме дека сосема ќе ја уништи, таа е се уште многу мала. Овде на клиника прифаќаат да ја лекуваат, но јас како мајка, кога знам дека има и други решенија, сакам да ја однесам на клиника во Турција, на стереотактичка радиохирургија во болницата ,,Санте плус’’ во Истанбул – изјави вчера за ,,Фокус’’ Катерина, мајка на девојчето.

Лекувањето во Турција изнесува 28.000 евра и мора да започне што побргу.

Поврзани новости