Отворањето на границите е се поблиску

by Fokus

Македонскиот туристички сектор мора да се прегрупира и да се подготви затоа што отворањето на границите е се поблиску, а туристите веќе ги планираат своите одмори, порачаа учесниците на 5. Македонска туристичка берза што се одржа денеска во Скопје.

Според Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ) која е организатор на Берзата, тоа што следи, треба да се искористи.

-Претходната, но и оваа година сите настани кои се организираат, а се поврзани со туризмот, за жал, имаат една порака – што побрзо да заврши кризата со пандемијата и полека да се вратиме во нормала, истакна министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето.

Министерот посочи дека со задоволство ја прифатил оваа иницијатива за организирање берза од страна на НАИТМ, бидејќи и покрај настанатата ситуација традицијата да се соберат на едно место сите чинители на туристичкиот сектор, како што рече Бектеши, е за поздравување.

Поврзани новости