Оценката на ЕУ нема да се соопшти денес, туку утре

by Фокус

На барање на лидерите на политичките партии, проценката на ЕУ и САД за тоа дали се исполнети условите за одржување на изборите на 24 април, ќе биде соопштена утре, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, јави Слободна Европа.

Ова е второ одложување на соопштување на оценката на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли за прашањето дали  се исполнети условите за одржување на изборите врз основа на три критериуми: договор за медиумите, прочистување на Избирачкиот список и одвоеност на партијата од државата.

Поврзани новости