Отсега ќе се наплаќа по 763 денари за испитувањето на антитела за Ковид-19

by fokus

Од Институтот за Имунологија денеска пласираа соопштение со кое ги известуваат граѓаните дека од вчера, по насоки на Фондот за здравствено осигурување, испитувањето на антитела за Ковид-19 ќе биде на товар на пациентите и ќе се наплаќа 763 денари.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак, денеска изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.

– Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие испитувања на антитела на товар на Фондот во Институтот за биохемија, но под одредени критериуми, да не биде дека кој било може да го направи тоа испитување оти финансискиот товар е многу голем, истакна министерот.

Поврзани новости