Отсечени села кај Македонски брод апелираат за храна и лекови

by Фокус 14:22
14:22

Граѓаните на селото Битово и на други 40-тина помали села од реонот на Македонски брод реагираа во редакцијата на „Фокус“ дека се отсечени од државата веќе 10 дена. Откако паднал снегот и ги затрупал ридските села, повеќе од две илјади жители се затворени дома без можност да излезат.

Јасмина Ангелковска од Битово во дописот наведува дека патиштата не се исчистени и дека не е проодно. Единствено имало можност, и ота само на неколку места, да помине трактор. Тие веќе стравуваат за своите животи.

- Advertisements -

„Имаме стари жители кои немаат лекови, имаме и мали деца кои премрзнуваат и немаат храна. Некои медиуми се обидоа да напиушат стории на нашите села, но погрешно известуваа дека ние имаме комуникација со светот. Тоа не е точно и тоа го знаеме ние кои живееме тука и кои повеќе од една недела не можеме да мрднеме од селата. Затрупани сме во снег, а надлежните манипулираат. Овде има толку снег што тешко и дека механизација може лесно да се пробие. Затоа апелираме за помош, пред се за храна затоа што немаме намирници“- реагираат жителите на селата од Македонски брод.

 

Поврзани новости