Отповикана одлуката за распуштање на Собранието

by Фокус

Пратениците пред малку со 83 гласа „за“ и 3 гласа „против“ го изгласаа отповикувањето на одлуката за распуштање на Парламентот заради избори на 24 април. Пратениците на СДСМ не гласаа, бидејќи тие бараат датумот на избори да се одреди кога прочистувањето на Избирачкиот список ќе биде при крај.

-Уште еден пораз на Никола Груевски. Без прочистен избирачки список и без регулирани медиуми веќе не може да има избори во Македонија. СДСМ не гласаше за едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, затоа и сега нема да учествуваме во гласањето. Ова е голем срам што и беше нанесен на Македонија, рече Сугаревски од СДСМ.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со или без СДСМ, на петти ќе има избори. По половина час ќе започне расправата на која ќе треба да се изгласа новиот датум за избори.

Поврзани новости