Отпочна постапката за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски

by Fokus

На денешната седница на Владата на Република Македонија отпочна постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Оваа одлука доаѓа откако премиерот Зоран Заев јавно го повика јавниот обвинител Зврлевски да си поднесе оставка, меѓутоа тој не го стори тоа.

Советот е должен во рок од 15 дена да и одговори на Владата со позитивно или негативно мислење.

Зврлевски нема обрска сам да си даде оставка бидејќи како јавен обвинител има мандат до јануари 2019-та, меѓутоа јавен обвинител може да биде предвреме разрешен од функцијата доколку незаконито, ненавремено или недоволно стручно ја извршува функцијата.

Поврзани новости