Откриена работилница за поправка на оружје

by fokus

Откриена е работилница за поправка на оружје во домот на 38-годишен жител на селото Љубин.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера при контрола на патничко возило „опел зафира“ управувано од 38-годишниот М.Ш. откриени се 300 куршуми различен калибар, а потоа со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом при што откриена е работилницата, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција.

М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ, велат од МВР.

Поврзани новости