Откажана планираната средба меѓу Пашинјан и Алиев: „Баку се откажа од разговорот“

by Fokus

Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан објави дека средбата меѓу ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, планирана за крајот на месецот, е откажана откако Баку се откажа од разговорите.

Тој најави откажување на средбата на заедничката прес-конференција со канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли во Ереван.

Ерменија и Азербејџан изразија подготвеност во последните недели да потпишат прекин на огнот и да стават крај на деценискиот конфликт околу Нагорно-Карабах, откако азербејџанската армија го врати регионот под контрола на Баку. Брзата воена операција на азербејџанската армија предизвика емиграција на околу 120.000 етнички Ерменци од Нагорно-Карабах во Ерменија.

Поврзани новости