846
Овогодишниот Октоберфест е откажан поради пандемијата на новиот корона вирус, соопштија властите во германската покраина Баварија.
Познавачите оценуваат дека откажувањето на светски познатиот пиво-фестивал ќе има огромно влијание на економијата на градот Минхен. Обично, во тоа време од годината, најмалку шест милиони луѓе ја посетуваат Баварија.
Фестивалот којшто трае две седмици и се одржува под шатори со долги дрвени маси, на Минхен му носи приход од над милијарда евра годишно.