Откажан денешниот меч на ракометниот Мундијал поради двајца заразени играчи со корона

by fokus

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) соопшти претпладнево дека денешниот меч од второто коло во групата А на Мундијалот во Египет меѓу Германија и Зеленортските острови е откажан и регистриран со службени 10:0 за германската репрезентација.

Одлуката доаѓа откако Зеленортските острови во саботата останаа без доволен број играчи по два позитивни случаи на коронавирус.

Мечот од третото коло во групата А меѓу Зеленортските острови и Уругвај засега останува на распоредот, откако африканската репрезентација ја известила ИХФ дека ќе повика нови ракометари во својот табор.

Поврзани новости