Откако удрил во велосипедист, возачот прво побегнал па после сам се пријавил во полиција

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера околу 23 часот на тротоар на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Форд С макс“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Н.С.(48) од Голема Речица, удрил во велосипед, управуван од Ф.Д.(22) од Поградец.

„Н.С. го напуштил местото на настанот, но подоцна сам се пријавил. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово“, велат од полицијата.

Поврзани новости