Откако Пендаровски ги искара, Маричиќ најави „подобрување“ на Изборниот законик

by fokus

Ќе има промени во текстот на Изборниот законик, ќе има некои подобрувања. Начално е постигната согласнот меѓу големите четири партии во која насока да се оди, и очекувам веднаш по одморите, на средина на август, овој закон да биде изгласан во Собранието, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Изборниот законик е комплициран за донесување и секогаш сме го носеле со консензус. Во овој момент се уште се работи на тој текст. Постои предлог во Собранието, потпишан од неколку пратеници коориднаторите на четирите најголеми партии, но она што можам да го кажам е дека тоа не значи дека во таа форма конечно ќе биде донесен. Има уште време, иако не премногу, но верувам дека по одморите ќе биде донесен, рече Маричиќ во гостувањето на телевизијата Канал 5.

Министерот посочи дека идејата е во законот да се имплементираат сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР кои што се потребни, и да се направат подобрувања на процесот, во интерес на демократизација на изборите, и поголемо учество на граѓаните.

На забелешките од партијата Левица, зошто за овој закон се договараат само најголемите партии, а не и помалите, Маричиќ рече дека вообичаено Изборниот законик досега се договарал токму меѓу четирите најголеми партии, кои имаат членови во Државната изборна комисија.

-Овој пат имаше работна група во Министерството за правда, која направи основен текст, потоа четирите најголеми партии го разгледаа и дадоа свои забелешки. Го изменија текстот, и потоа текстот беше консултиран за првпат најинклузивно што е можно со помалите партии во Собранието, кои немаат пратеничка група, меѓу кои и Левица, рече Маричиќ.

Министерот подвлече дека во однос на Изборниот законик, и ОБСЕ и претседателот го кажале своето мислење, но како што рече, подобро е да се почека за да увидиме во која форма ќе биде донесен законот и со кои решенија, за да може потоа да се коментираат наредните постапки.

Поврзани новости