Откако Инфективна се преполни, во монтажната болница се лекуваат 15 заразени со Ковид-19

by fokus

Вкупно 15 пациент заразени со ковид-19 во моментот се лекуваат во модуларната болница, откако капацитетите на Инфективната клиника се пополнија. Во оваа монтажна болница можат да се згрижат вкупно 71 пациент.

Директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од корона вирусот, а воедно апелираше сите оние кои се асиптоматски случаи да не доаѓаат на Инфективна, туку да се лекуваат согласно препораките на матичен лекар.

Поврзани новости