Отфрлена тужбата на СДСМ за исчезнатото гласачко ливче

by fokus 20:01
20:01

Судски совет на Управниот суд ја отфрли втората тужба на СДСМ која што се однесува на избирачкото место 2010 во Теарце, каде партијата тврди дека гласачко ливче исчезнало од кутијата, па било пронајдено внатре со заокружена „единица”.

Судот одлучил да ја отфрли тужбата како неоснована и да го потврди решението на Државната изборна комисија.

- Advertisements -

-Имено судот на јавната седница, со пребројување на гласачите кои гласале во избирачкото место, во присуство на полномошник на тужителот, утврди дека во Посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место број 2010 општина Теарце изборна единица 6, гласале 24 гласачи, додека пак во Извод од избирачкиот список за избирачко место број 2010 општина Теарце изборна единица 6, гласале 431 гласач, што значи дека вкупниот број на гласачи изнесува 455 а не 456 како што се наведува во приговорот и во тужбата на претставникот на Коалицијата за предвремени парламентарни избори 2016 година предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Со оглед на тоа дека и во приговорот и во тужбата како и на јавната седница, неспорен е фактот дека бројот на неважечки гласачки ливчиња е 17, произлегува дека кога од вкупниот број на гласачи во избирачкиот список кој изнесува 455, ќе се одземе бројот на неважечки гласачки ливчиња, вкупниот број на важечки гласачки ливчиња изнесува 438 а не 439, и не се работи за нераспореден еден гласач помалку, како што е наведено во тужбата – стои во образложението на Управниот суд.

Претходно, Управниот суд ја прифати тужбата на СДСМ за избирачко место 2011, исто така во Теарце и одлучи да има прегласување.

Поврзани новости