Отфрлена пријавата на актерката која го обвини Лечиќ за силување

by fokus

Вишото јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава на актерката Даниела Штајнфелд, која го обвини актерот Бранислав Лечиќ за силување.

-Даниела има право на приговор. Ќе го искористиме тоа право и ќе продолжиме понатаму, изјавил адвокатот Божо Прелевиќ во изјава за „Нова.рс“.

Даниела Штајнфелд поднесе кривична пријава против актерот Бранислав Лечиќ во март кога го обвини за силување што се случило во 2012 година, во време кога заедно работеле на претстава. Таа минатата година во својот документарец откри дека била силувана од постар колега од Србија. Штајнфелд не сакаше да го открие неговиот идентитет, а сè што рече беше дека тој е многу влијателен во светот на филмот и театарот.

По одлуката на Обвинителството на Инстаграм се огласи актерката и порача: -Не морам никому да докажувам ништо. Сакам жртвите да имаат слобода да пријавуваат насилство и право на поддршка. Тоа мора да престане. Затоа нема да запрам“.

Откако го откри името на Лечиќ, славниот актер и опозициски политичар со денови се обидуваше да ги отфрли нејзините обвинувања на кој било начин. Тој помина цел ден на полициско испрашување, а по заминувањето тврдеше дека поминал на полиграф.

По одлуката на обвинителството, која не е правосилна, Лечиќ изјави дека му била нанесена огромна штета.

-Иако, бидејќи не сум виновен, го очекував овој исход, морам да признаам дека не се чувствувам како победник. Имено, штетата што ми беше нанесена на мене, на моето семејство и пријателите, никогаш и во никој случај не може да се надомести. Исто така, нанесена е непоправлива штета на сите вистински жртви на насилство во нашата земја и регионот. После ваквиот епилог, тие ќе имаат уште помалку храброст да се обратат до надлежните институции за помош, рече тој.

Поврзани новости