Отец Пимен: Важно ми е што се одважив на барањето на моето духовно чедо и ич не ме интересира судот на јавноста

by fokus

Отец Пимен вечерва, по сведочењето за настаните за 27 април како сведок предложен од одбраната на Богдан Илиевски, на својот Фејбук профил напиша дека тој денеска се одважил на барањето на неговото духовно чедо за да потврди дека не се сомнева во неговите искрени намери.

-Народот против Лари Флинт би го нарекол денешниов ден.
Едни ќе се разочараат што сум сведок, други ќе велат дека сакам да се рехабилитирам, но мене ми е битно што се одважив на барање на моето духовно чедо, другар и брат со кој сме се расправале за и делеле ставови, да потврдам дека не се сомневам во неговите искрени намери.
И ич не ме интересира судот на јавноста.
Мое беше да кажам како го знам Бобсон и да верувам дека ќе има влијание моето сведочење, а ваше е да ми судите според вашите страсти, напиша отец Пимен.

Поврзани новости