Отчет на Панов, градоначалникот на Кавадарци: Во право бевте, требаше да си ја слушам сопругата!

by Fokus 17:54
17:54
Кавадаречкито градоначалник Александар Панов, денес го започна својот отчет со изразување на јавна благодарност до неговата сопруга, пред присутните граѓани и медиуми во Кавадарци.
 
,,Голема благодарност до мојата сопруга, од наједноставна причина што сите овие дела немаше да бидат тоа што се сега, и немаше да бидат во толкав обем доколку ја немав поддршката на мојата сопруга и моите деца, кои што, како и добрите, така и лошите работи ги трпеа заради мене.
 
Кога сме кај овој сооднос, би сакал за прв пат да кажам една дума, насочена повеќе кај машкиот дел од аудиториумот. Сите ја знаеме онаа изрека дека мажот не ја слуша жената токму заради тоа дека таа еднаш во стоте пати е во право, и не знаеме кој е тој еднаш во стопати. Сакам од искуство да ви дадам една поука, во 51 пат од стоте, жената е во право и треба да се потрудиме да ги најдеме кои се тие педесет и еден пат, затоа што жените имаат шесто сетило, кое мажите за жал го немаат,, – изјави Панов.
 
Откако минатиот месец тој заработи затворска казна од 60 дена за изборен поткуп, неговите сограѓани на социјалните мрежи пишуваа дека доколку си ја слушал жената и се тргнел на време од фотељата, немало да го боли главата од затвор.
 
Во коментари, тие се навраќаа и на бомбата објавена од СДСМ, во која Панов му се жали на Миле Јанаќиевски дека се разведува и си поднел оставка, бидејќи нема разбирање од сопругата.
Вики Клинчарова

Поврзани новости