Освен Гостивар, Алијансата за Албанците ги освои Боговиње и Врапчиште

by Фокус

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села загуби во Струга, но кандидатите за градоначалници на неговата партија, освен во Гостивар, победија уште во Боговиње и Врапчиште.

Според досега обработените податоци, кандидатот за градоначалник на АА во Боговиње, Аљбон Џемаили, освоил околу 6.400 гласови, додека Берзах Бејтулаху од ДУИ околу 5.400 гласа.

Во Врапчиште, пак, Исен Шабани од АА освои над 5.600 гласа, наспроти Гајур Рушити од ДУИ, кој освои нецели 5.200 гласа.

Поврзани новости