Осуммина уапсени за 70 грама марихуана

by fokus 10:43
10:43

Во рамки на активностите за спречување на уличната продажба и уживање на опојни дроги во Неготино и Кавадарци се уапсени осум лица, а запленета е марихуана во количина од околу 70 грама, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата на отсекот за недозволена трговија при СВР Велес била спроведена во текот на викендот. Од слобoда се лишени шест лица од Неготино, на возраст од 19 до 25 години, и две лица од Кавадарци на возраст од 21 година.

- Advertising -

„Кај приведените се пронајдени опојна дрога марихуана во помали количини подготвени за препродажба како и за употреба (цигари со марихуана). Во акциската контрола запленети се над 70 грамa опојна дрога марихуана“, велат од МВР.

По лишувањето од слобода на лицата, со нив е извршен разговор, по што се пуштени на слобода. Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости