Осуммина повредени при излетување од коловоз кај Тетово

by Fokus 12:15
12:15

Откако вчера во тетовскиот регион наврнаа неколку сантиметри снег и се појави голомразица на патиштата, се случија и две излетувања од коловозните ленти со вкупно осум повредени лица. Првата незгода се случила околу 18.45 часот во селото Јажинце.

– Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Г.Д. од ова село излетало од коловозот. Возачот и тројцата сопатници пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Околу 19 часот и 20 минути на локалниот пат за тетовско „Бањиче“, патничко моторно возило „тико“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 22-годишниот тетовец И.Р., а во кое се превезувале уште четири други лица излетало од коловозот. Четворицата повредени пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски.

- Advertisements -

На двете места каде имало сообраќајни незгоди полицијата извршила увид.

Поврзани новости