Институтот за јавно здравје денес обелодени дека се евидентирани 120 оздравени лица од корона вирусот со следниот распоред по градови: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.
Во истото денонокие, починаа 8 лица, од кои еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години.
Потоа, во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години, во КБ Тетово починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години, во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, а во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.