Осуммина ќе сведочат за набавката на „мерцедесот“ на Груевски

by fokus 08:05
08:05

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот на СЈО „Тенк“.

За „Тенк“ на денешното рочиште искази треба да дадат осум сведоци.

На претходното рочиште беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите.

Во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Поврзани новости