Осумгодишно дете донесено мртво во Ургентен центар по невремето во Скопје

by Fokus

Осумгодишно дете било донесено мртво во Ургентниот центар во Скопје, кај кое лекарите само констатирале смрт. Не се знае точно од каде е детето, но се претпоставува дека е од реонот на Стајковци.

Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ, како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето.

Според официјалните информации од МВР досега се пријавени и шест исчезнати лица, по кои се трага.

Поврзани новости