Осум нови случаи на корона вирус во Тиквешијата, меѓу инфицираните и здравствена работничка

by Fokus

Денеска се регистрирани осум нови случаи на Ковид-19 во Тиквешијата, и тоа три во Кавадарци, три во Неготино, еден во Росоман и еден во Демир Капија, известуваат од Центар за јавно здравје Каваадрци.

Станува збор за лица на возраст од 15 до 77 години, а најстариот пациент од Неготино е хоспитализиран на Инфективно одделение во болницата во Велес. Помеѓу новоинфицираните има и здравствена работничка од ЈЗУ Неготино.

-Сите регистрирани пациенти остануваат на домашно лекување, освен пациентот на возраст од 77 години, кој е хоспитализиран. Имаат симптоми и се во контакт со матичните лекари. Речиси никој од нив не знае од каде се заразил. Работиме на нивните контакти – изјавија од центарот.

Во Кавадарци досега се инфицираа 228 лица, а активни се 43 случаи. Во Неготино пак, се инфицираа 53 лица, а активни се седум случаи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости