Осум лица сослушани, меѓу нив е и сопственикот на „Беса Транс“, истакна Јовески

by Fokus 11:59
11:59

Досега биле сослушани осум лица, а меѓу нив бил и сопственикот на туристичката агенција „Беса Транс“, информираше јавниот обвинител Љубомир Јовески. Но, тој потенцираше дека во наредниот период ќе бидат испитани уште многу луѓе.

„Осум записници од распит на сведоци се дадени на бугарските обвинители, со што би можело да се помогне во истрагата и расчистување на случајот. Во следните денови ќе распитуваме уште многу лица, записниците ќе бидат доставени исто така до бугарските колеги“, рече Јовески.

- Advertisements -

Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов, изразувајќи сочувство на роднините на жртвите, посочи дека координацијата меѓу судските и државните власти на двете земји и меѓусебната соработка е на високо ниво.

-Откако се случи несреќата, институциите постојано соработуваат и работата на расчистување на случајот. Ќе продолжиме со исто темпо и по ДНК анализата телата ќе бидат вратени во најбрз можен рок,изјави Михајлов.

Прашан дали патот и лошата сообраќајна сигнализација се можни причини за несреќата, Михајлов рече, дека откако ќе бидат завршени сите анализи и експертизи, тогаш ќе може да имаат конечен одговор дали лошата сигнализација е некаква причина за сообраќајната несреќа.

За истото, Петров, изрази уверување дека сите претпоставки и прашањата што се поставуваат во медиумите се проверуваат и дека моментално експертската служба за пожари работи и очекуваат да ги утврдат причините за избувнување на пожарот.

Поврзани новости