Осум лица се приведени по синоќешните насилни напади врз пратениците во Собрание

by Fokus 14:58
14:58

Осум лица се приведени на распит во полициската станица во Гази Баба по вчерашните насилни напади врз пратениците од парламентарното мнозинство, од кои неколкумина беа повредени, изјави денеска Јордан Ламановски, помошник-министерот за односи со јавноста и за стратешки прашања при МВР.

Тој додаде дека е обезбеден видеоматеријал за идентификација и за откривање на можни сторители.

- Advertisements -

Поврзани новости