Осум деца и две жени од исто семејство убиени во израелски напад во појасот Газа

by fokus

Десет члена на семејство беа убиени утрово во израелски воздушен напад во западниот појас Газа, јавија француски медиуми повикувајќи се на палестинските здравствени власти.

Осум деца и две жени беа убиени кога проектил истрелан од израелски борбен авион им ја уништи нивната трикатна куќа во бегалскиот камп Ал Шати.

Според очевидци, израелските воени авиони фрлиле најмалку три бомби врз трикатната куќа без да ги предупредат нејзините станари.

Како одговор на нападот, Хамас испука проектили кон јужниот дел од Израел.

Поврзани новости