Осуденици од затворот Шутка завршија обука за бравари и дрвопреработувачи

by fokus 15:12
15:12

Во изминатиот период во КПУ Затвор „Скопје“ со поддршка на Управата за извршување на санкции, а во соработка со програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за образование била одржана обука за стручно оспособување на осудените лица во дрво преработувачката и браварската дејност. Обуките биле одржани во столарската и браварската работилница при КПУ Затвор „Скопје“ од страна на професори од стручните средни училишта „Партение Зографски“ и „Ѓорѓи Димитров“, информираат од затворот.

– Ова е од исклучителна важност за осудените лица кои во изминатиот период се стекнаа со знаење и практични вештини за наведените дејности и можност повеќе за конкурентност на пазарот на труд. Воедно ни преставува особено задоволство што обуки од ваков вид за прв пат се реализираат во нашата установа, имаше голем интерес од страна на осудените лица за нивно остручување и стекнување на практични знаења во делот на занаетите, изјави директорот на затворот, Ѓоко Котевски.

- Advertisements -

По повод успешно спроведената обука и остручување во рамки на проектот „Креирање можности за работа за сите“, денеска во Управата на затворот свечено биле доделени Уверенија за успешно завршена обука на осудените лица, се наведува во соопштението од затворот.

Поврзани новости