Осудените за протестите за „Монструм“ може да добијат оштета

by fokus

Мухарем Барди, Адем Абдулаи, Мухарем Иса, Раму Бучи, Ариан Реџепи и Енур Илјази, се имињата на шесте демонстранти кои завршија во затвор барајќи правда во судењето за случајот „Монструм“. Адвокатот Насер Рауфи вели дека доколку Врховниот суд го промени исходот на случајот во полза на обвинетите, тогаш на осудените демонстранти им следува обештетување, пренесува Алсат М.

Доколку овие обвинети бидат ослободени и таа одлука стане правосилна, во постапката на повторување, лицата кои издржувале затвор имаат право да бараат оштета. Тука произлегува оправдувањето зошто протестирале и каузата дека протестот бил оправдан и основан.“ – изјави Насер Рауфи – адвокат

Шпетим Положани од здружението на поранешни политички затвореници, ги оправдува протестите кои се одржаа против максималната казна во случајот „Монструм“. Според него, притисокот на протестите бил една од главните причини што предметот сега ќе оди на повторно судење.

Поврзани новости