Осуден во „Диво Насеље“ и испратил снимки на Фатиме Фетаи и Ел Чека за случајот „Монструм“

by fokus 10:48
10:48

Обвинет во случајот „Диво Насеље“ во јуни оваа година испратил прислушувани материјали до обвинителката која го води случајот „Монструм“, Фатиме Фетаи, а потоа и до поранешното Специјално јавно обвинителство поврзани со петкратното убиство.

Осудениот во Диво Насеље, Шевчет Халачи прво и се јавил на Фетаи и и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал на Ел Чека.

- Advertising -

Истите снимки се испратени во СЈО, а меѓу нив имало снимки и за други случаи. Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги водеа бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај.

Судењето за Монструм е во тек, а денеска ќе се читаат и четири папки од МВР со целиот редослед на предистражната и истражната постапка што се водела за целиот случај.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012, а за овој случај се уште не е никој осуден.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости