Острени собира потписи за промена на Уставот

by Фокус

Унитети на чело со партискиот лидер Гзим Острени од Дебар потегнала инијатива за собирање на потписи за промена на Уставот, со цел, како што велат од партијата, еднаквост на сите граѓани, без разлика на нивната раса, етничка и верска припадност.

– Точките кои се предвидени во петицијата се промена на Преамбулата на Уставот на Македонија, службена употреба на албанскиот јазик и неговото писмо на територијата на цела држава, избор на претседател на државата во Собранието на Македонија, реорганизација на начинот на изборот и надлежностите на Комитетот за односи меѓу заедниците, донесување на уставна одредба за оспорување на одлуките на Уставен суд, измена на начинот на организација и функционирање на локалната самоуправа и рамноправна распределба на буџетот на Македонија – велат од Унитети.

За 4 дена веќе биле собрани 1.500 потписи.

Поврзани новости