Оставките на Филипче и Хасани се доставени и архивирани

by Фокус 14:24
14:24

Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани, содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.

Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира исклучиво на фактите од истрагата, согласно, како што рече, утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.

- Advertisements -

-Очекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага –  изјави Арсовски, додавајќи дека германските експерти се очекува да пристигнат деновиве и тие ќе бидат дел од понатамошната истрага.

Поврзани новости